Од осми до десетти мај во Охрид се одржа долго најавуваната манифестација на која продефилираа 1000 учесници иначе средношколци од цела Македонија.
Веднаш по добивањето на организацијата, Сојузот на училишниот спорт, Општината Охрид и Ј.П. Билјанини Извори се зафатија со работа и подготовки за што подобро преставување на Охрид.
Тоа им успеа бидејќи „Гимназијадата“ се одржа без никакви проблеми, сите дечиња беа згрижени и сместени, а падна во вода и митот за негостопримливоста на охриѓани.
Сите учесници на „Гимназијадата“ во Охрид имаа можност да се дружат со Наумче Мојсоски, кој беше амбасадор на игрите.


Михаил Постоловски











