Во рамки на  проектот “Дрога- вистина и заблуди” на СВР Охрид, во ОСУ „Св. Климент Охридски“ вчера се одржа презентација за негативните ефекти од употреба на дрога. Притоа учениците
и нивните наставници имаа можност да видат дел од колекцијата на
разновидни дроги, пронајдени и одземени од полициските службе- ници  од
Оделението за борба против дрога при СВР Охрид.


фото: ДИГОТАЛ ФОТО МИКИ

Претставници на СВР Охрид одржаа кусо едукативно предавање пред гимнзијалците за негативните последици од употреба на дрога, а активности во рамки на проектот “Дрога- вистина и заблуди” имаше и во основното училиште „Ванчо Николески“.

Гимназијалците учеа за негативните ефекти од употреба на дрога


Ohridnews
фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ