Неофицијално отворен уште минатиот јули, Касарна Хаб е стартап центар кој со своите досега спроведени активности и соработки веќе станува водечки иновативен центар во регионот, изјави амбасадорот Дејвид Гир на настанот по повод официјално отворање на Касарна Хаб, каде Стелар Солушнс беше домаќин на 17 амбасадори и претставници на амбасадите предводени од Гир.

Можностите за развој на овој простор се огромни и сметаме дека истите треба да се искористат. Резервирани се и средства за физибилити студија која има за цел овој јавен простор да го заштити, да ги препознае потенцијалите и како таков да биде во служба на граѓаните, изјави амбасадорот Гир.

Сместен во прекрасна природа во старата воена касарна во Охрид, хабот располага со коворкинг простор за работа на дигитални номади како и место за дружба и вмрежување, информираат од Хабот.

Досега спрoведени се 35 настани со преку 700 посетители, остварени се соработки со над 20 граѓански организации, компании, универзитети и средни и основни училишта, додаваат.

Како дел од проектот Ohrid Go, кофинансиран од Европска унија, а спроведен од Стелар Солушнс во партнерство со Општина Охрид, Касарна Хаб, велат, има за цел да ги поддржи добрите идеи да прераснат во нови иновативни бизниси и да се поттикнат технолошки иновации.

OhridNews