Ученичката по гитара, тринаесетгодишната Анастасија Милеска од Основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид, направи уште еден успех во низа, освојувајќи Втора награда на престижниот „Натпревар и фестивал на класична гитара“ што се одржа во Велинград, Бугарија.
Анастасија со своите две извонредни изведби на 22-ри и 23-ти Мај успеа да го „убеди“ меѓународното седумчлено жири дека го заслужува високото признание.
Младата гитаристка работи и напредува во класата на професорот по гитара Александар Крстаноски:
„Иако конкуренцијата на натпреварот беше голема (Анастасија се натпреваруваше со конкуренти од Бугарија, Германија, Македонија постари од неа две до три години, ученици во средните музички училишта) сепак Анастасија беше многу концентрирана и без ниту една грешка ги отсвири одбраните дела, кои не беа ни малку лесни“ – вели професорот Крстаноски.
Гитарата на Анастасија жнее успеси
Наградата освоена во Бугарија, иако скромна, е вистински поттик за Милеска да продолжи да се усовршува. Да потсетиме, Анастасија Милеска пред два месеци освои прва награда на натпревар одржан во Лесковац, Србија.
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира самовработените лица кои данокот на личен доход го плаќаат врз основа на паушално утврден нето-доход дека во изминатиот период спроведе активности на ге...
На 22092026 во 2340 часот во СВР Охрид било пријавено дека во хотел на кеј „Македонија“ во Охрид, била пронајдена почината 70-годишна жена од Германија Лекар од итна медицинска помош констатирал см...
Културниот центар „Волски” со седиште во Варшава и НУЦК „Григор Прличев”- Охрид го организираат меѓународниот проект Пар-Непар, финансиран од Министерството за култура од Полска и нацио...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.