Сениорскиот тим на ГКК Охрид ја запиша својата прва победа во новата сезона од Првата лига – мажи, совладувајќи ја екипата на Водно Санс од Скопје со резултат 68:80.
Натпреварот се одигра во СРЦ „Кале” во Скопје, каде што охриѓани покажаа голема борбеност, тимска игра и цврст карактер од првата до последната минута.
Со цврста одбрана и одлична реализација во напад, момците на ГКК Охрид ја презедоа контролата уште во втората четвртина и не дозволија изненадување до крајот на мечот, велат од клубот.
OhridNews