Спортскиот директор на ГКК Охрид, Марјан Бошалевски, излезе со јавна реакција и осуда по инцидентот кој вчера се случи на кошаркарскиот натпревар во Охрид, упатувајќи извинување до службените лица. ​

Како спортски директор на ГКК Охрид и како спортски работник сакам да го осудам вчерашниот инцидент, па во мое име и во име на клубот сакам јавно да се извинам на судиската тројка и делегатот, вели Бошалевски.

Реакцијата следи откако во текот на вчерашниот ден (22.11.2026) во спортската сала „Билјанини извори“ бил физички нападнат главниот судија при одигрување на кошаркарски натпреварот.

На 22.11.2026 во 14:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека при одигрување на кошаркарски натпревар во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, едно лице физички го нападнал главниот судија, 26-годишен од Неготино, информираа од СВР Охрид.

Воедно, посочија дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расветлување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews

Охрид го урна непоразениот Гостивар во меч со прекин и драматична завршница