ГКК Охрид ја совлада Гевгелија со 87:60 во второто коло од Првата македонска кошаркарска лига и ја забележа втората победа во новата сезона.

Охриѓани водеа во текот на целиот натпревар, постојано зголемувајќи ја предноста до конечни 27 поени разлика.

По триумфот на гостувањето кај Овче Поле со 66:62 во првото коло, ГКК Охрид со убедлива победа се претстави и пред домашната публика.

Пред почетокот на средбата, со кратка комеморација и минута молк беше оддадена почит на прерано починатиот кошаркарски тренер и спортски работник Антонио Савевски. Кошаркарите на Охрид на теренот излегоа со маички со неговиот лик.

OhridNews

ГКК Охрид му оддаде почит на Антонио Савевски