Во првото коло од плеј-оф фазата тимот на ГКК Охрид ќе се соочи со екипата на КК Соколи – Штип, во меч кој носи огромно значење во борбата за место во елитата.

Секој поен, секоја одбрана и секоја секунда ќе значат повеќе од било кога. Дојдете да бидете нашиот шести играч! Да ја наполниме салата, да создадеме атмосфера и заедно да го направиме првиот чекор кон целта. Плеј-оф. Прво коло. Почнуваме дома. Почнуваме храбро, велат од клубот.

Натпреварот се игра во недела, 08 февруари, со почеток во 17 часот во СЦ „Билјанини Извори“.

OhridNews