Сениорскиот тим на ГКК Охрид го очекува нов предизвик во рамките на Првата лига – мажи, каде во 3. коло ќе гостува кај екипата на КК Вардар.

По одличните настапи во првите две кола, нашите момци се подготвени да дадат максимум и да се борат за нова победа на тешкото гостување во Скопје. Очекуваме борбен и возбудлив натпревар, полн со енергија и добра кошарка, велат од ГКК Охрид.

Натпреварот ќе се одигра во сабота, 1-ви ноември, со почеток во 15:30 часот во СЦ „Кале Мала”, Скопје.

OhridNews