Вториот Меѓународен кошаркарски турнир во Охрид и официјално заврши. Изминативе денови, нашиот град беше дом на кошаркарскиот дух, пријателство и фер-плеј.
Оваа година на турнирот учествуваа 10 екипи од 7 различни земји, кои ги донесоа воедно и талентираните млади спортисти од цела Европа во Охрид, велат организаторите на турнирот.
Вие не само што се натпреварувавте на теренот — покажавте почит, тимска работа и страст кон играта, кои се вистинските вредности на спортот. Голема благодарност до Кошаркарската организација на Србија за прекрасната соработка. Заедно, ја кренавме кошарката во нашиот град на едно сосема ново ниво.“ – изјави Христијан Стојаноски, основач на турнирот.
Турнирот заврши во најпозитивна атмосфера и што е најважно, се движи во вистинската насока, посочуваат организаторите.
Кошарката беше главна тема во Охрид изминативе 4 дена и ни е мило што сите гости си заминаа со убави спомени. Се надеваме дека турнирот ќе расте сè повеќе и повеќе во иднина, бидејќи се игра во една од најубавите дестинации на Балканот!“ – изјави Петар Чириловиќ, извршен директор на „BasketballSerbia“.
Г.М.
Фото: ГКК Охрид