Ракометниот клуб Охрид покрај бодовите на мечот со Струмица ги загуби и Иван Тасески и Иван Стојановиќ кои се здобија со повреди и ќе го пропуштат натпреварот со Прилеп во 4-та рунда од плејофот.


Тасески го повреди глуждот на десната нога на стартот од дуелот и со таква повреда го одигра целиот меч кој Охрид на крајот го загуби.

Стојановиќ пак, на рацете од соиграчите го напушти теренот по повредата на левото колено и не се врати во игра повеќе.


– Петте натпревари за две недели си го направија своето. Одигравме пет мечеви со полн интензитет и заморот е видлив кај моите ракометари. Но, секако, во Прилеп не одиме со бело знаме, а не ни помислуваме да се предадеме. Ќе пробаме да го надополниме отсуството на Тасески и Стојановиќ и да ја забележиме првата победа во мечевите од плејофот. – рече Горан Андоновски.


Натпреварот во Прилеп се игра в сабота со почеток во 14:30 часот, а директен пренос ќе има на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.

OhridNews