Десниот бек на охриѓани повредата ја заработи на дуелот со есенскиот вицепрвак Радовиш на стартот од втората полусезона.
За сериозноста за противникот на “гладијаторите“ говори дека во минатото коло Прилеп успеа да го задржи лидерот на табелата Струга ремизирајќи 27-27.
Избраниците на тренерот Горан Андоновски се во позитивна серија од четири победи во четири натпревари и посакуваат таа победничка серија да продолжи и на дуелот со Прилеп.