Преку емитувањето на светски познатото шоу „Битката на гладијатори“, во чија реализација ушествуваше македонската туристичка агенција „Каратанова турс“, Охрид ќе биде промовиран како развиен и најспецифичен туристички центар во овој дел на Европа.
Во шоуто се натпреваруваа меѓународни спортистиод 18 земји, кои на различни локации во Охрид се „ бореа“ во повеќе дисциплини. Од борбите се снимени 13 телевизиски епизоди. Пред почетокот на емитувањето на серијалот, продукцијата “ Enfusion“ , промотивно постави клип на YOUTUBE.