Ракометниот клуб Пелистер го раскина договорот со тренерот Касим Каменица по крајно лошите резултати во мечевите од плејофот во Супер лигата.
Поразот од Охрид (27-26) во спортската сала „Младост“ кој беше четврти серија во плејофот ја прели чашата кај управата од клубот која одлучи промена на тренерската позиција.
Каменица во „зелено белите“ редови дојде на почетокот од оваа сезона и најави подобри времиња за некогашниот македонски ракометен шампион. Успеа да го внесе тимот во плејофот, но таму не ги исполна во целост очекувањата што резултатираше со отказ.
Местото на Каменица ќе го заземе Кире Попоски, додека Кирил Николовски ќе му биде помошник. Новиот стручен штаб ќе дебитира на дуелот со Борец во Битола.
OhridNews