Ракометарите на Охрид на домашен терен против составот на Еурофарм Работник ќе ги започнат натпреварите од плејофот во најквалитетната ракометна лига во Македонија.


За „гладијаторите“ ова ќе биде второ учество во плејоф завршница по минатата сезона кога завршија на петтата позиција.

Охрид регуларниот дел од Супер лигата го завршија на првата позиција, но „фармацевтите“ во двата мечеви го совладаа охридскиот состав.

Возбудувањата во плејофот започнуваат викендов, а охриѓани првиот меч ќе го одиграат в сабота. 

Мх.П.