Охридските ракометари претрпеа пораз од девет погодоци разлика 30-21 (15-10) на гостувањето во Ресен од Преспа во седмата рунда од плејаут лигата.

Ракометарите на Преспа со победата им се реваншираа на охриѓани за поразот на стартот од плејаутот.
Во осмата рунда во „Билјанини Извори“ гостува екипата на Радовиш.
Мх.П.










