Охридските ракометари со два контролни натпревари ќе ги финализираат зимските подготовките за продолжението во Супер лигата.
„Гладијаторите“ в сабота ќе одиграат тест средба со составот на Прилеп, додека в среда на 22 февруари ќе се сретнат со тимот на Едеса од грчкиот град Воден.
Ракометниот клуб Охрид и минатата година беше гостин во Воден и успеа да го совлада домашниот тим со 32-30. Тој триумф најави блескави моменти за охридскиот клуб кој подоцна се пласираше во плејофот и во најдобрите четири во Купот на Македонија.
Во досегашните подготовки Охрид одигра еден тест натпревар со Вардар Јуниор во Скопје и го загуби.
OhridNews