– Паузата не е поради нас, туку поради матните игри на одредени екипи во нашата лига. Се одложи нашиот меч против Радовиш, а пред тоа беше закажан па одложен дерби дуелот Радовиш – Текстилец. На секој чекор сакаат да не “сопнат“, а ние од клубот застанавме на цврстиот став дека нема да го одиграме мечот со Радовиш додека не се одигра дерби мечот помеѓу Радовиш – Текстилец – потенцираше Андоновски.
После мечот со Радовиш, следно на мени е “езерското“ дерби со Струга. Од таборот на Струга најавуваат дека на “гладијаторите“ ќе им приредат пеколен пречек.
– За локалнато дерби со Струга, слушнав дека се спремаат небаре играат со репрезентација. Имаат ангажирано пет – шест ракометари кои немаат играно сезонава. Но, на победа на Струга над Охрид, нема да се радуваат стружани туку нашите конкуренти Радовиш или Струмица рече Андоновски.
“Гладијаторите“ по одгирани 12 рунди се наоѓаат на втората позиција со осум победи и четири порази. Лидер на табелата е тимот на Текстилец со импозантен скор од десет победи и еден пораз.