Психолошкиот пад во играта на “гладијаторите„ беше осетлива во првите десет минути, во кои гоститите го диктираа резултатот. После 15 минути игра избраниците на Андоновски се консолидираа и со серија од 4-0, го презедоа водството кое до крајот на крајот од првиот дел изнесуваше четири разлика.
Во првиот дел свое шоу имаа голманите на Охрид и Младост, кои ги “полудеа“ ракометарите, Пецаков десет пати успешно интервенираше додека гостинскиотголман Аврамов девет пати ги скроти ударите на охридските ракометари.
Гостите од Богданци во вториот дел повторно ја искористија несигурноста кај охриѓани, и се доближија на пристојна разлика од два погодоци. Но тогаш проработе нападот, Трифуноски, Томоски и Николоски со серија погодоци ја вратија предноста која до крајот на натпреварот не беше достижна за гостинскиот состав.
Во 23-то коло охриѓани се слободни, а следен противник на “гладијаторите“ е лидерот на табелата Текстилец.