Ракометарите на Охрид, кои се уште ја одработуваат суспензијата од три натпревари, беа домаќини во Битола, а мечот на ништо не наликуваше на оној кога “белите“ во гости со помош на полицијата го напушти Чаир.
Најпрецизен во составот на охриѓани беше Аце Трифуноски со десет погодоци, пивотмените Тасевски и Анѓелкоски искомбинираа 14 голови. Сите ракометари кои отпатуваа во Битола добија шанса за настап.
Со победата над Ринија охридските ракометари ја зацврстија третата позиција на табелата и “извисија“ во борбта за првите две позиции кои носат пласман во Супер лигата.