В сабота на 11 јануари со почеток во 16:30 во спортска сала „Билјанини Извори“ охридските ракометари ќе стартуваат со подготовките за пролетниот дел од сезоната во Супер лигата.

– По две недели пауза стартуваме со зимските подготовки. Нашата цел останува иста од почетокот на сезоната да избориме опстанок во елитното ракометно друштво. Во пролетниот дел очекувам далеку потешки натпревари бидејќи сите веќе си ги знаеме квалитите, слабостите и појаките страни – изјави за Ohridnews, Горан Андоновски тренер на Р.К. Охрид.
Почетокот на пролетната полусезона во Супер лигата сеуште не е дефиниран, а охриѓани есенската полуетапа ја минаа на десеттата позиција.
Мх.П.










