Рекетот број еден Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на гренд слем турнирот Вимболдон откако во пет сетови со 3-2 го совлада Хуан Мартин Дел Потро.


Полуфиналниот дуел меѓу Ѓоковиќ и Дел Петро повеќе наликуваше на гладијаторска пресметка него на тениски натпревар во која подобро се снајде Србинот.

Ѓоковиќ констатно имаше предност, но Дел Петро не се предаваше и покрај повредата успеваше да се врати во игра.

Во четвртиот сет Аргентинецот се извлече од работ на бездната спасувајќи две меч топки, за потоа да го освои сетот и изедначи на 2-2.

Во решавачкиот Ѓоковиќ имаше повеќе сили и нерви, покажа зошто го носи епитетот рекет број еден и по 4 сати и 49 минути обезбеди ново финале на лондонскиот гренд слем.

Противник на српскиот тенисер ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел помеѓу Енди Мареј и Полјакот, Јановиќ.

Мх.П.