Пред ГРК Охрид е најважниот натпревар сезонава. „Гладијаторите“ во мечот со романската екипа Потаиса Турда од 2 коло на ЕХФ Европскиот куп влегуваат со респект кон противникот, но и со оптимизам дека можат да остварат победа која ќе им овозможи предност пред реваншот.
Треба да го оставиме поразот од Пелистер позади нас. Не очекува најважниот натпревар во Европа кој е награда за добриот пласман во лигата минатата сезона. Турда е добра екипа, но се надевам дека ќе се покажеме во најдобро светло и на реваншот во Романија ќе отпатуваме со што поголема победа, вели Рудолф Сафранко, централен бек на ГРК Охрид.

OhridNews











