Туристичкиот оператор „Летс Травел“ викендов на гламурозен начин ја претстави земјата Кипар како најдобра туристичка дестинација за претстојното лето.


Во хотелот Холидеј Ин во центарот на Скопје, пред околу 200 бизнисмени и претставници од туристичките агенции и државниот врв, Летс Травел понуди вистински спектакл за присутните гости.


Понудениот аранжман од 99 евра за 10 дневен престој во туристичката мека-Кипар со вклучен авионски транспорт и сместување, беше презентиран пред јавноста со неколкучасовна богата програма. Преку традиционални кипарски ора, ориентални танци и богата кипарска кујна со кулинарски врвни специјалитети, гостите заминаа дома со желба да го посетат Кипар ова лето. Летс травел приреди и наградно извлекување, а среќната добитничка ќе замине на беплатно десетдневно патување во кипарскиот рај. 


Со културата, традицијата, економијата и туристичките можности на Северен Кипар, присутните ги запозна Тугај Тојдемир, кој одржа презентација за потенцијалите на островската земја.

“Во Кипар годишно доаѓаат околу два милиони туристи од Турција. Кипар е прекрасна туристичка дестинација и позитивно е тоа што во земјата нема тешка индустрија ниту пак загадување кое може да им пречи на туристите“, истакна тој.

Тојдемир додаде дека Кипар плени со богата историја и убавини на кои ретко кој турист може да остане рамнодушен.


Филип Стефаноски регионалниот директор на Летс Травел во Македонија изрази очекување дека заинтересираните за оваа дестинација ќе ги посетат охридската или скопската канцеларија се со цел подобро да се запознаат со  Кипар како нова топ дестинација, која нуди можност за одличен одмор.

OhridNews