Затворениците, болните и немоќните, лицата кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор, како и внатрешно раселените лица денеска гласаат во вториот круг од локалните избори и на оние места каде се повторува гласањето од првиот круг.

Како што пренесува „Макфакс3, во вториот круг право на глас имаат 988 затвореници и 73 раселени лица. Гласањето започна во 7 часот, а завршува во 19 часот.

Ноќеска на полноќ заврши изборната кампања за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат в недела и започна изборниот молк.

Гласањето за избор на градоначалник во втор круг ќе се одвива во 29 општини и во Градот Скопје. Право на глас имаат еден милион 103 илјади и 175 граѓани на 1.614 избирачки места.

OhridNews
извор:„Макфакс“