За прв пат во еден изборен циклус во Македонија гласачите ќе се бележат со видливо мастило. Тоа ќе се прави со маркер на палецот на десната рака. Избирачот кој нема да дозволи да биде обележан, нема да може да гласа.

Мастилото ќе трае 24 часа и нема да може да се избрише со било какви средства.

Мастилото е брзосушечко, антиалергиско и не е штетно по здравјето информираа институциите надлежни за спроведување на изборите.

OhridNews