Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својата официјална интернет страница спроведе анкета за избор за најдобрите во македонскиот фудбал за годината што полека изминува.
Секој љубител на фудбалот во Македонија може да го даде својот глас во изборот на најдобар фудбалер и фудбалерка во националниот шампионат, најдобар тренер и фудбалер во младинска конкуренција и футсал играч на годината.
Гласот за своите фаворити читателите на Ohrid News можат да го дадат на следниов линк тука.
Номинирани:
Најдобар фудбалер: Бесарт Ибраими (Шкендија), Ферхан Хасани (Шкендија), Стефан Спировски (Вардар)
Најдобра фудбалрка: Илза Максути (АС Јунајтед), Јана Чурбиноска (Истатов), Александра Ристовска (Тиверија)
Најдобар тренер во младинска конкуренција: Беким Османи (Шкендија-младинци), Горан Станкоски (Работнички-кадети)
Најдобар фудбалер младинска категорија: Елиф Елмас (Работнички), Јани Атанасов (Академија Пандев), Енес Фазлагиќ (Шкендија)
Футсал играч на година: Еркан Сефери (Шкупи), Александар Глигоров (Велес), Драган Петровиќ (Велес).
OhridNews