Македонскиот комитет повикува во гласањето за избор на нови светски чуда активно да се вклучат институциите и граѓаните од земјава заради висок пласман на нашите природни убавини Охридско Езеро и пештерите Врело, кои влегоја во потесна конкуренција.

Втората фаза во глобалната трка за избор на новите седум Светски чуда на природата, во која заедно со нашите се натпреваруваат вкупно 261 природна атракцја од цел свет, трае до 7 јули, кога жирито ќе избере 21 финалист од првопласираните 77 кандидати.

Поддршката за Охридското Езеро и пештерите Врело читателите можат да ја дадат на интернет-порталот  www.new7wonders.com,  или преку банерот поставен на „Ohridnews“.

Процесот за избор на новите светски чуда е долготраен, има неколку фази и ќе трае до 2011 година.

Ohridnews