За што поголем број освоени гласови од граѓаните се надева и екологистот Лазо Наумоски кој конкурираше со својот најнов труд за спас на охридската пастрмка. Формирањето на мешовито билатерално македонско- албанско претпријатие е еден од мерките кои Наумоски ги предлага за повратување на ендемичната пастрмка.
Граѓаните кои го подржуваат овој проект својот глас може да го дадат на www.pozlatigozivotot.mk , односно на Сектор екологија преку кој се отвара Еколошки заштитниот стручен труд, битка за спас на охридската пастрмка од нејзиното истребување.
Гласањето трае до 17- ти ноември и се врши преку интернет. Во текот на денот може да се даде само еден глас од еден компјутер.