
Спасеска вели дека отварањето на „Капитал консалтинг“ е остварување на нејзината животна визија.
– Недвижностите се капитални инвестиции кои го менуваат животот на луѓето. Се разбира дека кога се носат животни одлуки за купопродажба на недвижен имот потребен е сериозен партнер кој ќе ги штити интересите на клиентите како купувачи и како продавачи на недвижностите. „Капитал консалтинг“ е вистински партнер кој одговорно ќе се грижи за своите клиенти. Верувам дека со сопствениот стил на работење ќе придонесам кон развој и унапредување во сферата на прометот на недвижности како и во бизнис заедницата воопшто во смисла на високо професионално, одговорно и посветено работење, вели Спасеска.












