Жители од населбата Видобишта и Велгошти се жалат дека редовна пракса на службите за чистење на патиштата во зимски услови е дел од снегот кој се подига од главните сообраќајници да се остава во споредните помали улички и сокачина, со што дополнително им се отежнува движењето на жителите од овие места. Тие апелираат локалните служби за чистење на снег да престанат со ваквата практика, а кога веќе не се во можност да ги чистат, тогаш барем дополнително да не им отежнуваат.


Главните улици се чистат за сметка на споредните

Од јавното комунално претпријатие информираат дека градските сообраќајници се чистат без престан со сите расположливи средства, као и дека се дејствува според приоритет. Оттаму посочуваат дека чистењето на улиците се одвива крајно отежнато поради постојаните врнежи.

OhridNews