Пловните објекти со моторен погон, кои деновиве зачестија во каналот Студенчишта во Охрид , ги плашат лебедите кои често пливаат во близина на трската, која е лоцирана на влезот во каналот. Пред неколку дена успеавме да го фотографираме лебедовото семејство со пет младенчиња, кое најверојатно исплашено од силната бучава на еден глисиер, брзаше да се сокрие во внатрешноста на каналот.


Експертите велат дека токму бучавата и човечката несовесност е причина за намалувањето на бројот на лебедови семејства во Охридското Езеро. Исто така врз размножувањето на овие украсни птици  голема улога играат и  климатските промени, променливиот  водостој и прекумерното уништување на трската.

OhridNews