Уништувањето на каналот Студенчишта продолжува со несмален интензитет. Ова некогаш убаво место, денес претставува жална слика која е одраз на негрижата на граѓаните и надлежните институции. Освен големиот број нефункционални пловни објекти во распаѓање, за кои многу пати е пишувано, голем проблем претставува и отпадот кој се создава од активните пловни објекти.
Во водите на каналот може да се забележи најразличен отпад, од пластични и стаклени шишиња и друга амбалажа до метални канти, гуми и друго.
Капетанијата на пристаништата неодамна најави дека есенва ќе се уредува дел од каналот, но во функција на прифаќање на пловните објекти.
OhridNews