Поголема количина најразлични обувки и облека се запленети во заедничката акција на СВР Охрид, координативното тело на Република Македонија за заштита на интелектуалната сопственост, на авторските права и права од индустриска сопственост, пазарната инспекцијаи, УЈП, АЕК и Агенцијата за еадиодифузија, што денеска беше спроведена во Охрид и Струга.

Контролата е извршена во вкупно 10 правни субјекти од кои една кабловска телевизија и едно геодетско друштво во Струга, едно интернет кафе, четири фото студија и четири субјекти во градскиот пазар во Охрид. Кај осум субјекти регистрирани се незаконитости односно повреда согласно законот за индустриска сопственост и кривичниот законик на Република Македонија за повреда на авторско право и сродни права.

– На кабелски оператор во Струга одземена му е опрема со која незаконски емитувал програма и изречена му е глоба од 2000 евра. Во Охрид од од четири правни субјекти одземена е поголема количина обувки од познатите брендови „Најк“, „Пума“ и други и изречена им е глоба во визина од 35.000 евра.-изјави првиот човек на  координативното тело на Република Македонија за заштита на интелектуалната сопственост, на авторските права и права од индустриска сопственост, Мите Костов.

Костов додаде дека со акциите што ги спроведуваат надлежните служби во континуитет, пиратеријата во Макдонија е намалена за околу четириесет проценти.

По завршување на судската постапка против прекршителите, одземената стока ќе биде јавно уништена согласно законот.

OhridNews