Глоба за нелегален туристички водич кој водел гости од Полска
22.08.13 11:21
Во рамките на своите редовни работни обврски, општинскиот инпекторат вчера на локалитетот Плаошник евидентира и санкционира нелегегален туристички водич, кој без лиценца водел група туристи. Лицето од Полска, спротивно на Законот за туристичка дејност на група полски туристи им организирал обиколка и разглед на културно-историските знаменитости од Охрид и извршил презентација на овие локалитети, иако за тоа не бил овластен и не поседувал легитимација за вршење на дејност . Инспекторите за туризам, согласно Законот за туристичка дејност веднаш му изрекле мерка глоба во висина од 400 евра во денарска против вредност.
Согласно Законот за туристичка дејност, овластен туристички водич мора да поседува лиценца и легитимација за вршење на дејност на територијата на општина Охрид, издадена од соодветна институција. Секое непридржување кон законските норми подлежи на санкции. Хотелските објекти должни се на видно место да истакнуваат информации за организирање на групи за разглед на локалитетите во Охрид и лицата, лиценцирани туристички водичи, кои треба да ги придружуваат.
Како што потенцираат од локалната самоуправа, целта на акциите и контролите кои ги извршуваат инспекторите по туризам, координирано со останатите инспекциски органи, во текот на оваа летна сезона, е воведување ред во туристичката дејност и подобрување на туристичкиот амбиент во Охрид.
Од денес до 27-ми октомври е отворена за посетители изложбата „Стари балкански фотографии“ преку соработка на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид и Државен архив на Република Македонија Изл...
Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 2,5 денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денари, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика Согласно одлу...
На 18102026 во 03:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во ноќен клуб во Охрид, едно лице физички нападналo 39-годишно лице од Охрид Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.