Продолжуваат поплаките од граѓаните поради големиот број кучиња скитници низ Охрид.
Овој пат, читатели до редакцијата на OhridNews испратија фотографии од населбата „Христо Узунов“. Велат сликата е секојдневна, се плашат да излезат и поминат со своите деца поради глутниците кучиња кои се околу зградите. Апелираат надлежните да преземат мерки за решавање на проблемот.
Реакции постојано пристигнуваат од граѓани од сите делови од градот, од гости, туристички водичи.
И покрај тоа, конкретни чекори за решавање на проблемот и понатаму нема.
OhridNews













