Трката за Големата награда на Турција во Истанбул ќе отпадне од календарот на Формула 1 во 2012 година поради финансиски несогласувања меѓу организаторите и шефот на Формула 1 Берни Еклстоун, соопшти “Хуриет”.
Весникот се повикува на информации од Мурат Јалџанташ претседател на истанбулската трговска комора, која поддржува финансиски трката. Според Јалџанташ, Еклстоун побарал двојно зголемување на таксата за учество во Формула 1 во следната сезона од 13 на 26 милиони долари, што турската влада одбива да плати.
“По се изгледа дека следната година нема да има Формула 1 во Турција. Министерството за финансии смета дека двојното зголемување на цената е премногу и нема намера да плати”, објаснува Јалџанташ. Натпреварот за Гран при на Турција оваа сезона е на 8 мај.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com