Една невеста која украла речиси 200 илјади фунти од својот шеф како би ја организирала свадбата била осудена на казна затвор од 20 месеци. Кога Питер Сатон, шеф на Кирсти Лејн од Манчестер дошол на нејзината свадба, се посомневал дека таа неможе да си го дозволи сиот тој луксуз. Неговите сомнежи биле потврдени кога детално ги прегледал финансиите на фирмата. Имено, Кирсти кај него била вработена на половина работно време, а годишната плата и изнесувала 15 илјади фунти. Само салата во која се одржувала свадбата чинела 40 илјади фунти.

Се покажало дека го крадела шефот повеќе од две години. Била уапсена пред да оди на брачно патување, а на судењето признала дека е виновна по сите точки од обвинението. Поради „лошото“ работење на фирмата на Сатон без работа останале две лица, пред да се дознае дека Кирсти краде од фирмата. Сатон рекол дека украдените пари заедно со данокот го чинеле 300 илјади фунти. Дека крадела не му кажала ниту на својот сопруг, кој мислел дека парите се од платата, бонусите и заштедата.