Охридската полиција синоќа околу 22.30 часот лишила од слобода 30-годишно лице, кое физички ги нападнало членови на семејството во домот.

При преземање мерки во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле пиштол „BLOW Magnum“, кој приведениот нелегално го поседувал. – соопшти СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.

OhridNews