Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување на сигурноста при семејно насилство”.
На 31.01.2018 година во Охрид на улицата „Париска Комуна” пријавениот, во неговиот дом, по вербална расправија, физички го нападнал неговиот 53-годишен татко, при што го скршил стаклото од влезната врата и му нанел расекотини, а потоа со нож им се заканувал на неговите баба и дедо.
По интервенција на полициски службеници, пријавениот бил лишен од слобода, додека неговиот татко со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Охрид.
OhridNews


.jpg)









