Вчера во во СВР Охрид било пријавено дека 39-годишна охриѓанка во својот дом на улицата „Питу Гули“, без никаква грижа, храна и надзор, го оставила својот 11-годишен син кој бил неподвижен.
Центарот за социјални грижи и Црвениот Крст од Охрид преземаат мерки за пронаоѓање на згрижувачко семејство а на лицето му е дадена соодветна помош. Против мајката ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
OhridNews












