Италијанецот Роберто Ди Матео се закити со наградата менаџер на годината во екипата на Челси, еден месец откако го отпуштија.


Ди Матео минатата сезона со освојувањето на трофејот во Лигата на Шампиони го исполна долго годишниот сон на Рускиот тајкун Роман Абрамовиќ.

Пред почетокот на новата сезона Италијанецот беше награден со две годишен договор. Слабите резултати во Премиер лигата и елиминацијата од ЛШ беа неприминлива пречка за Абрамовиќ и го оптушти Ди Матео.

Местото од Ди Матео го превзеде поранешниот менаџер на Ливерпул, Рафа Бенитез. Навивачите негодуваа на одлуката Бенитез да биде тренер на Челси,  со транспаренти и песни го поддржуваа екс менаџерот Ди Матео.

Мх.П.