Инцидентот се случил во петокот околу 17.30 часот кога тричлената патрола го затекнала С.З.(1962) од с.Г.Лакочереј кој управувал трактор ИМВ со приколка на која имал товарено дрва.
Со цел да извршат контрола патролата побарала да застане, но тој веднаш почнал со гестикулации да упатува закани. По 20 метри застанал со тракторот, слегол и од приколката зел вила која ја кренал кон шумските полицајци обрајќајќи им се зборовите:„Елате сега мене да ми пишите пријава да ве видам, сега ќе ви кажам јас кои сте, да ви дадам лична карта, не знаете со кого имате работа, криминалци едни“.
Откако водачот на патролата го предупредил, локалниот жител продолжил со заканите , а после 5 минути се завртил и се качил на тракторот и иако шумските полицајци се легитимирале и побарале да застане тој упатувајки навреди и пцовки го напуштил местото.
СВР-Охрид превзема мерки за расчистување на случајот.