Безживотно тело на маж е пронајдено во бунар во близина на црквата „Света Мина“ во село Добрашане, кумановско.

-Во координација со Министерството за внатрешни работи, нуркачи го извадиле телото на кое што била видлива прострелна рана на десната слепоочница. На местото се пронајдени траги од крв и една чаура. – соопшти Основното јавно обвинителство – Куманово, по извршениот увид на местото на настанот.

Лицето е идентификувано и се водело како исчезнато неколку дена. Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатото лице, како и наредба за вештачење на материјалните траги пронајдени на местото на настанот.

За случајот осомничено е едно лице, кое е задржано во полициска станица и за кое е нареден претрес на неговиот дом.

OhridNews