Вчераутро околу 2 часот, трите маскирани лица, насилно и со подесен алат го отвориле прозорецот од јужната страна на куќата каде Н.К. сам живеел и одкако го разбудиле, му ги врзале рацете и нозете употребувајќи пластични лисици и селотејп траки. Одкако го покриле со кебе, започнале да го удираат по главата и телото барајќи притоа од него да им каже каде се парите. Извршиле прабарување на куќата и одзеле околу 12. ооо денари по што избегале, оставајки го Н.К. врзан со лисиците и селотејп траката. Истиот, во таква состојба е пронајден од страна на негови роднини.
Повредениот Н.К. итно е пренесен во болницата Св. Еразмо каде се констатирани огреботини , нагмечувања и други лесни телесни повреди, но сепак е задржан на понатамошно лекување.
На лице место, извршен е криминалистичко-технички увид а СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите на ова кривично дело.