Синоќа, на улицата „Партизанска“ во Струга, од страна на полициски службеници било запрено патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 27-годишно лице од струшкото село Делгожда, во кое совозач било уште едно лице од истото село.

При легитимирање совозачот фрлил едно полиетиленско ќесе со наркотична дрога марихуана. Ќесето било подигнато и предадено на вештачење, а лицето било лишено од слобода.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

OhridNews