Специјализираниот фудбалски портал „Goal.com“ го одбра најдобриот тим, во првиот дел од сезоната 2011/2012. Меѓу најдобрите 11 се наоѓаат двајцата најдобри светски фудбалери: Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Што се однесува до тимовите, по двајца играчи во идеалниот тим имаат Барселона и Баерн Минхен, а со по еден фудбалер во овој тим партиципираат Тотенхем, Арсенал, Наполи, Бенфика, Јувентус и Манчестер Сити.

Идеалниот тим за првиот дел од сезоната 2011/2012 изгледа вака: Мануел Ноер (Баерн Минхен) – Ледли Кинкд (Тотенхем), Паоло Канаваро (Наполи), Гарај (Бенфика) – Тони Крос (Баерн Минхен), Чави (барселона), Андреа Пирло (Јувентус), Давид Силва (манчестер Сити) – Робин Ван Перси (Арсенал), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Лео Меси (Барселона).

“Макфакс“
Ohridnews