Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и продолжувачи на традицијата во Општините Охрид и Дебрца, вчера во големата сала на Општина Охрид го одржа 21 – то Изборно собрание. Со едногласна Одлука новоизбраниот Општински одбор за претседател на ОО на СБ Охрид и Дебрца повторно го избра Гоце Георгиески, за потпретседател беше избран Љубиша Машановиќ, а за секретар Снежана Лазароска.

На Собранието беа разгледани извештаите на Општинскиот и Надзорниот одбор за изминатиот мандатен период и беа усвоени програмските насоки за работата на организацијата во наредниот мандатен период.

Покрај нов Општински одбор, избрани беа Надзорен одбор, претседателство и претставник за 3 – то  Изборно собрание на СБМ.

Во рамки на свечениот дел на Собранието, а по повод 78 години од Второто заседание на АВНОЈ, се одржа историски час на кој професор Наце Иваноски се осврна на улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава.

OhridNews