После првата победа на домашен терен, фудбалерите на Охрид ја забележаа и првата гостинска победа совладувајќи ја Дрита со минимални 1-0 во деветтата рунда од Втората лига-запад. „Рибарите“, полека излегуваат од летаргијата и најавија дека нема лесно да се предадат во борбата за опстанок во второлигашкото друштво.

  • Најпрво сакам да им честитам на фудбалерите за желбата и за играта на гостувањето кај Дрита. На теренот ги исполнија сите мои задачи и затоа резултатот е таков каков што е а победата е заслужена. Не му дадовме на противникот да се разигра, констатно знаевме што сакаме и бевме максимално сконцетрирани. Во второто полувреме Дрита остана со фудбалер помалку, а нам тоа ни даде крилја нешто по храбро да тргниме во напад. Постигнавме гол а потоа имавме прилика за уште еден и да ставиме печат на победата. Но и вака е добро, влегуваме полека во ритам и најдоброто од Охрид допрва доаѓа. – изјави тренерот на Охрид, Гоце Толески.

Во следните два натпревари, Охрид гостува во Кичево кај Велазерими и во Гостивар кај истоимената екипа. Двата противници се големи должници затоа што го совладаа Охрид на СРЦ „Билјанини Извори“ на почетокот од сезоната.

OhridNews

Втора МФЛ: „Рибарите“ го освоија целиот плен против Дрита!