Поранешниот репрезентативец на Македонија, Гоце Толески е нов тренер на Градскиот фудбалски клуб Охрид Лихнидос. Толески и управата на клубот најдоа заеднички јазик и договорија соработка.

Толески на клупата од охридскиот фудбалски клуб ќе го наследи Драган Бочески, кој поднесе оставка после поразот на „рибарите“ во Дебар од Кораб. Охриѓани, на дуелот со Пелистер ги предводеше Марино Маркоски кој ќе остане во стручниот штаб на Толески

Деби на клупата од Охрид, Толески ќе има утре на средбата со Кадина на гостински терен. Ова нема да биде прво искуство за Толески како тренер, бидејќи тој веќе неколку години работи во спортската Академија во Охрид.

OhridNews

Александар Целески: Решително по бодовите во дуелот со Кадино